Сопственикот на ПСЖ, пребогатиот Катарец се соочува со сериозни обвинувања.
Се подготвува нова „корупциска“ бура во светската куќа на фудбалот, а во центарот на вниманието е Насер Ал Келаифи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат медиумите во Швајцарција, државниот обвинител во таа земја ја обвинува телевизијата „Беин“ која е во сопственост на Ал Келаифи дека подмитила еден член на ФИФА за неговата телевизија да не ги добие ТВ правата за Светското првенство во Катар кое ќе се одржи во 2022 година.
Ништо тука не би било чудно и ново во светот на фудбалот, доколку тој член не би бил Жером Валке поранешниот генерален секретар на светската куќа на фудбалот, а таа ТВ куќа не е во сопственост на Насер Ал Келаифи.
Секако во прашање е еден од најмоќните луѓе во светот на најважната споредба работа во светот, сопственикот на ПСЖ. За сега деталите не се познато, но се знае дека тужителот прстот го вперува токму кон катарскиот мултимилијардер.
За Ал Келаифи ова сигурно е вознемирувачка вест бидејќи добро е познато како поминал секој за кого се водела истрага во Швајцарија, почнувајќи од поранешниот човек на ФИФА, Сеп Блатер, па се до неговата десна рака Жером Валке.