Газдите на Манчестер Сити имаат повеќе клубови низ светот, а такво нешто се развива и во Париз.
Моделот на Сити засега гункционира, а Катарската инвестициска група предводена од Насер Ал Келаифи ќе се обиде да направи нешто слично. Засега тие имаат 21% од акциите на Брага, а следна цел е да откупат половина од акциите на Малага во Шпанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега во медиумите се најавува и дека ќе ја преземат Сампдорија која сезонава испадна од Серија А и следната сезона клубот треба да се натпреварува во Серија Б.
Меѓутоа по испаѓањето Сампдорија се соочи со тешка финансика криза и сопственикот Масимо Фереро ќе се обиде да го продаде клубот за да не дојде до банкрот. Според информациите засега сопствениците на ПСЖ се најсериозен кандидат.
Низ медиумите се шпекулира дека се заинтересирани и за купување на бразилски Сантос и клуб од Белгија на кој засега не му се открива името.