Дома Топ вести Газдата на ПСЖ се огласи за иднината на Мбапе!

Газдата на ПСЖ се огласи за иднината на Мбапе!

Килијан Мбапе веќе неколку дена е во центарот на вниманието и потворно поради неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во медиумите се појави информација дека трансферот е скоро завршен и дека Мбапе донел одлука на лето како слободен фудбалер да премине во Мадрид.

Сепак, последната изјава на Ал Келаифи сигурно дека до некаде ја намалува еуфоријата во Мадрид. Според краткиот одговор на првиот човек на ПСЖ, засега со Мбапе не се случило ништо и фудбалерот не донел никаква одлука.

„Нема никаква одлука за Мбапе, кога ќе има ќе ја соопштиме. Со него не се случи ништо ново, баш ништо“, изјави Келаифи.

Најголемите медиуми во Шпанија и Франција веќе пишуваа и за условите на напаѓачот. Се пишуваше дека Мбапе во Мадрид ќе добива плата од 50 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…