Кристијано Роналдо дефинитивно останува во Манчестер Јунајтед, потврди Ерик Тен Хаг.
Преодниот рок се затвара утре на полноќ, а иако Жорж Мендеш се обидуваше да пронајде клуб за Португалецот тој ќе остане во Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, Роналдо останува со нас. Потребни ни се квалитетни играчи за да бидеме конкурентни на сите натпревари од почетокот на сезоната. Иста е и ситуацијата со Ван Бисака. Сите играчи кои се денес тука, ќе остана со нас од септември најмалку до средината на јануари“, изјави Тен Хаг.
Токму оваа последна реченица на Тен Хаг дека тимот останува ист до јануари остава сомнеж дека Роналдо ќе се обиде во зимскиот преоден рок да пронајде клуб со кој ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.
Сепак, до тогаш има многу време и секако многу ќе зависи од формата на Португалецот до тогаш.