Дома Фудбал Италија Се огласи претседателот на Милан: Малдини повеќе не ни беше потребен

Се огласи претседателот на Милан: Малдини повеќе не ни беше потребен

Бурни реакции предизвика во јавноста заминувањето на Паоло Малдини од Милан, а сега за првпат во јавноста се огласи претседателот Паоло Скарони.

Малдини беше човек кој според многумина беше еден од најважните луѓе во клубот поради добрата работа во спортскиот сектор. По неговото заминување навивачите бараа оставка од газдите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скарони сега уште повеќе го навлече бесот на фановите изјауввање дека Малдини повеќе не му бил потребен на Милан.

„Имавме само пофални зборови за Паоло, тој е голем господин и поврзан со Милан, добро работеше за овој клуб. Но, ние следиме поиновативен модел, барем за Италија и начинот на кој тука се водат клубовите.

Таквиот начин на работа не води до тоа сите да работиме како тим. Имаме чувство дека Малдини не се чувствуваше најдобро во таа организација и најдобро беше да се разделими. Секако дека имаше голем удел во успесите на Милан и сме му благодарни, но повќее не му беше потребен на Милан“, изјави Скарони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…