Голема „прашина“ во медиумите се крена поради одлуката на Кавани да не му дозволи на Нејмар да го изведе пеналот во натпреварот против Лион, а сега за нивниот однос проговори и самиот Уругваец.
Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани тврди дека помеѓу него и Нејмар нема никакви проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не разбирам поради што се крева толкава прашина поради тоа. Се измислуваат разни приказни, но такви работи се случуваат во фудбалот. Слушнав од мојот брат дека луѓето зборуваат како јас не дозволувам никој друг да ги шутира пеналит во ПСЖ, но помеѓу нас нема никакви проблеми. Нејмар само што дојде во нашиот тим и ќе му биде потребно време да се прилагоди на нашите услови, се надевам дека ќе успее во тоа“, изјави.
Сепак, иако Кавани тврди проблеми нема, оваа изјава може да се протолкува и како „дипломатски“ одговор од Ургваецот од Бразилецот.