Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда на мечот против Евертон и за него оваа сезона е завршена.
Холанѓанецот во наредните денови го очекува операција, а потоа 6-месечен период на рехабилитација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ван Дајк денес испрати емотивна порака до јавноста и истакна дека ќе се врати уште посилен.
„Посветен сум на мојата рехабилитација и ќе се обидам да се вратам што е можно побрзо на теренот. И покрај разочарувањето, верувам дека секоја потешкотија нуди нова можност, ќе се вратам посилен и подобар од претходно. Во фудбалот како и во животот верувам дека сè се случува со причина. Важно е да продолжиме да се бориме до крај“, напиша меѓу другото Ван Дајк.