Дома Фудбал Останато Се жени Месут Озил, со изборот на кум ја налути цела Германија!

Се жени Месут Озил, со изборот на кум ја налути цела Германија!

Погодувате што направи, ако му веруваме на „Билд“….

Се жени Месут Озил!

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѕвездата на Арсенал Месут Озил одлучи да „рипне во тавче“, а покана за неговата свадба доби и човекот поради кој претрпува големи критики, турскиот претседател Ердоган.

Повикот на свадбата можеби и не ги налути Германците колку дополнителната вест – Озил сака Ердоган да биде негов кум! Оваа вест ја пренесе реномираниот германски „Билд“ кој важи за доверлив извор.

Ако нивните информации се покажат како точни и тоа навистина случи без соменвање Озил ќе биде на уште посилна мета на критики од германската јавност поради таквиот потег.

Чем Оздемир, германски политичар не го спори правото на Месут Озил да избере кум по сопствена желба, но потенцираше дека како познат спортист и голем фудбалер тој треба да биде пример за младите.

„Секако Озил има право по сопствена желба да си избере кум и тоа е негов приватен избор во кој не може никој да се меша. Но, ако промовира луѓе кои се богатат на сметка на својата земја и неправдно испраќаат неистомисленици зад рештеки во земја во која луѓето исчезнуваат, мислам дека тоа не доликува на фудбалер и спортист кој треба да биде пример за младите“, објаснува Оздемир.

Озил и девојката Амина во петокот се сретнаа со турскиот претседател и лично му доставија покана за свадбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Свршеницата на Роналдо објави фотографија од 18 милиони евра (Фото)

Кристијано Роналдо минува низ тежок период во Саудиска Арабија, но изгледа дека неговата п…