Tимот на Рома утре ќе добие засилување за остатокот од сезоната.
Нов играч на „Волчицата“ ќе биде Стефан Ел Шарави кој утре ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со римскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 28 годишен крилен фудбалер на „Олимпико“ се враќа после година ипол. Во тој период Ел Шарави играше за екипата на Шангај Шенуоха.
Се поврзуваше Ел Шарави со бројни екипи. На крајот одлучи да се врати во Рома каде што играше од 2015 до 2019 година и во тој период на 139 натпревари постигна 40 голови.
Во текот на кариерата Ел Шаравви го носеше дресот уште на Монако, Милан, Падова и Џенова.