Во моментот кога Дани Алвеш беше уапсен под сомнение дека силувал девојка во ноќен клуб, неговата сопруга Jоана Санз најави развод и се огради од се што е поврзано со поранешниот бразилски репрезентативец.
Брзо ги избриша сите заеднички фотографии, во еден момент дури се иселила од заедничката куќа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Еден од најпознатите фудбалерибеше осуден за силување на четири и пол години затвор, но за него неодамна беше платена кауција од милион евра и тој сега ќе има можност да се брани од слобода додека одлуката не стане правосилна.
Но, неговото излегување донесе пресврт кога се во прашање е љубовта со Јоана. Меѓутоа фановите шпекулираат и дека тие никогаш и не се разделиле, туку се било игра пред медиумите. Таа објави и фотографија на социјалните мрежи на која стои 1+1=1.

„Нека ви е добар овој месец, да бидете посилни отколку што бевте до денес. Да бидете целосно благодарен затоа што, и покрај се сте тука. Нека биде месец за давање и примање љубов, месец да се чувствувате спокојни и среќни за сето она за што сте се бореле и колку уште треба да постигнете. Април нека биде позитивен месец за сите“, гласи нејзината порака.
Една од причините поради која таа морала јавно да се огради од Алвеш е да не ги загуби спонзорите.