Oбвинителството во Барселона претходно побара деветгодишна затворска казна за Дани Алвеш, а сега е закажан и датумот на судењето.
Судењето на поранешниот бразилски репрезентативец кој е обвинет за сексуален напад ќе се одржи од 5-ти до 7-ми февруари наредната година соопшти судот во Барселона, пренесува „Би-Би-Си“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алвеш беше обвинет од 23-годишна девојка која тврдеше дека кон крајот на декември минатата година сексуално ја нападнал во ноќен клуб. По сослушувањето на сите страни, судот во јануари одреди притвор за Бразилецот без можност за кауција.
Истражниот судија во август наведе дека има доволно докази за почеток на судењето за кое сега е познато дека ќе се одржи во февруари.
Поранешниот бразилски репрезентативец ги негираше обвинувањата, но судот во Барселона неколку пати го одби барањето на Алвеш да биде пуштен со кауција. Во кариерата Бразилецот го носеше дресот на Баија, Севиља, Барселона, Јувентус, Пари Сен Жермен, Сао Паоло и Унам.
Освои вкупно 42 титули додека за репрезентацијата на Бразил собра 126 натпревари и постигна осум гола.