Раководството на Вардар потврди дека новата натпреварувачка сезона клубот ќе ја започне на 29 август кога е закажан натпреварот против Нексе во СЕХА лигата.
СЕХА и Вардар како домаќин дефинирале дека мечот може да се организира на 29 август во 20 часот и 15 минута. Секако, се ќе се одвива според протоколите, а публика во салата нема да има.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот четвртфинален натпревар против Нексе Вардар го одигра уште во февруари и тогаш славеше со минимални 31:30 во Нашице.
Доколку Вардар обезбеди место во полуфиналето таму ќе игра со ППД Загреб кој веќе се пласираше помеѓу најдобрите четири како и Мешков. Втор натпревар треба да одигра и Веспрем против Војводина (31:26 за Веспрем заврши првата средба).