Дома Фудбал Италија Сестрата на Роналдо го брани од критиките: Не може само тој да прави чуда на теренот

Сестрата на Роналдо го брани од критиките: Не може само тој да прави чуда на теренот

Јувентус синоќа загуби во финалето на Купот од Наполи, а навивачите сигурно ги загрижува играта која ја прикажа „старата дама“ и Кристиано Роналдо.

Португалецот одигра уште еден лош натпревар и денес е мета на критики, па дури и тренерот Сари призна дека Португалецот не е истиот играч кој се навикнавме да го гледаме.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сестрата на Роналдо, Елма се одлучи да го одбрани од критиките и индиректно вината ја префрли кон другите фудбалери кои според неа не се на ниво.

„Не може сам да прави чуда на теренот. Што друго требаше да направи? Главата горе, ти си мојот Цар“, напиша сестра му на Инстаграм.

Роналдо немаше можност да шутира од белата точка при изведувањето на пенали, бидејќи Дибала и Данило промашија во првите две серии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Кога ќе бидеш еден од најзаслужните за европскиот трофеј во историјата на ЦСКА Москва, тог…