Ако им се верува на медиумите од Мексико, Серхио Перез и следната сезона ќе вози во Формула 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Перез наводно се договорил со Ред Бул кој се уште не сака да ја објави соработката бидејќи не е решена ситуацијата околу моторот за 2021. година.
Во австријскиот тим не се задоволни од Албон и поради тоа се во потрага по нов возач, а се чини дека партнер на Марк Верстапен ќе му биде Перез.
Целта на Ред Бул е прво да ја реши ситуацијата со моторот после што би требало да биде потврдена и соработката со Перез.
Мексиканецот оваа сезона е одличен. До сега има 100 бода во болидот на Рејсинг Поинт. Се наоѓа на четвртото место во поредокот на возачите и освојува бодови на секоја трка на која настапил.