Дома Останати Серон: Не сум добил ниту долар од парите за пренос

Серон: Не сум добил ниту долар од парите за пренос

Доналд Серон беше поразен од Конор Мекгрегор на УФЦ 246 евентот после само 40 секунди.

Ирецот го прегази „Каубој“ во овој меч кој беше и тоа како гледан преку „ППВ“ платформата и тоа донесе богатство на УФЦ и Конор.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Се шпекулираше дека и Серон од преносот добил помеѓу 7 и 10 милиони долари, но тој таквите информации ги демантираше.

„Хаха 7-10 милиони? Не сум добил ниту долар од ППВ. Едно е што мислат луѓето, друга е реалноста. Го добив само фиксниот хорнорар“, напиша Серон на Инстаграм.

„Каубој“ за борбата со Конор од хорнорарот доби 200.000 долари.

Мекгрегор пак од друга страна само од борбата доби три милиони евра, а со вкупната заработка од преносот и спонзорите стигна до сума од 80 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…