Во Серија А можеби не видовме борба за шампионската титула која доминантно ја освои Јувентус, но затоа е супер интересно во борбата за опстанок каде што на две кола пред крајот и понатаму се е отворено.
Второлигаши се Киево и Фросиноне кои се веќе отпаднати, а последното место за карта во Серија Б ќе се обидат да го избегнат дури седум екипи – Емполи, Џенова, Удинезе, Парма, Фиорентина, Болоња и Каљари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските статистичари пресметале дека во борбата за опстанок во последните две кола постојат точно 177.147 комбинации!
Во најдобра ситуација во овој момент се Каљари, Болоња и Фиорентина со освоени 40 бодови, зад нив следуваат Парма со 38, Удинезе 37, а во најлоша позиција е тимот на Горан Пандев, Џенова и Емполи со 36 и 35 бодови.
Она што ја прави трката за опстанок поинтесна е што во последните кола неколку од овие седум екипи играат меѓусебе.
Токму Џенова на Пандев во преостанатите две кола игра со два конкуренти, прво дома против Каљари, а потоа на гости против Фиорентина.
Италијанците не ни понудија возбудувања за титулата ама затоа борбата за опстанок на „чизмата“ ќе понуди големи возбудувања во финишот од сезоната.