Дома Македонски спорт Мак ракомет Сергеј Самсоненко не „мрда“ од Вардар најмалку до 2020 година!

Сергеј Самсоненко не „мрда“ од Вардар најмалку до 2020 година!

Вечерва пристигнуваат фантастични вести за навивачите Вардар.

Во последниот период постоеа шпекулации во спортската јавност дека Сергеј Самсоненко ќе го напушти Вардар, а со тоа воедно би се намалиле апетите на клубот, пред се на ракометниот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Но, според информациите на „24ракомет“ повикувајќи се на изјави на луѓе од клубот Самсоненко останува во Вардар најмалку до 2020 година!

Наводно, Самсоненко се сретнал со играчите и им порачал дека нема да заминува и дека негова желба е да ги задржи најдобрите играчи и да продолжи успешната ера на клубот.

Во текстот се наведува дека наскоро би можела да биде одржана прес-конференција на која Самсоненко и официјално ќе го потврди своето останување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…