Тимот од Битола, Еурофарм направи големо изненадување победувајќи го Веспрем во СЕХА лигата со 26:24.
Еурфарм и Веспрем играа за прв пат, а македонскиот вицешампион запиша голема победа во рамките од четврото коло. За Веспрем ова беше прв пораз сезонава во СЕХА, додека Еурофарм останува со 100% учинок (три од три).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Митревски белскаше на почетокот голот и им овзоможи на соиграчите да одржуваат минимална предност. Како што одминуваа минутите така Еурофарм играше се подобро и подобро, на крајот после првиот дел Битолчани имаа предност од 14:8.
Во вториот дел Веспрем се врати во игра и на десетина минути пред крајот изедначи на 19:19. Во финишот гледавме драма и неизвесност. Одлучувачкиот гол за Еурофарм го постигна Грџан на три минути пред крајот за +3.
Најефикасен кај Еурофарм беше Јотиќ со осум гола, Стјепановиќ додаде пет, а по четири постигнаа Грџан и Остроушко.