Дома Македонски спорт Мак фудбал Сенев: Детонит е цврст тим, но и имаме свои амбиции

Сенев: Детонит е цврст тим, но и имаме свои амбиции

По четирите едноподруго натпревари без пораз во кои запишаа три победи и реми со лидерот Победа, фудбалерите на Кит Го во 11. коло од Втората лига – Исток утре на гостувањето во Радовиш против Детонит јуниор во желба за нова победа.

Избраниците на Трајче Сенев, тимот кој е спој на искуство и младост, зад себе имаат четири одлични натпревар па сосема очекувано оптимистичко е расположението и кај шефот на стручниот штаб кој очекува ново позитивно издание.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Имаме успешна серија зад себе во кој можевме и до трите бода против Победа, но сето тоа е сега зад нас. Паузата поради настапите на репрезентациите ја искористивме максимално за дополнителна подготовка и освежување на тимот, па повторно мотивирани пристапуваме на натпреварот со Детонит јуниор. Целосно го респектираме противникот, цврст тим кој игра колективно во желбата за победа, но секако и ние имаме свои амбиции“ – истакнува Сенев.

Натпреварот меѓу Детонит јуниор и Кит Го во Радовиш се игра утре со почеток од 13 часот.

Фото: Кит-Го Пехчево

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…