Италијанскиот фудбалски тренер, Девис Манџа, е суспендиран од селекторската должност во Малта поради недолично сексуално однесување кон еден од репрезентативците.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалската Федерација на Малта во неделата добила информација за неговото недолично однесување, а локалните медиуми објавија дека обвинување за недолично однесување кон фудбалер имало и додека Манџа бил тренер романскиот клуб Универзитатеаод 2017 до 2019 година.




Манџа седна на селекторската клупа на Малта на крајот на 2019 година, а претходно ги водеше Асколи, Бари, Специја, Палермо, како и младата италијанска репрезентација.




Италијанецот категорично ги демантираше обвинувањата и истакна дека тоа било само изговор за отказот.