Репрезентацијата на Грција вчера успеа да се врати од негатива од 2:0 и да дојде до 2:2 против Босна и Херцеговина во натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Босна во овој натпревар после првото полувреме имаше предност од 2:0, но Грците успеаа да се вратат во второто полувреме кога постигнаа два гола. Селекторот на Грција Ангелос Анастасидис после натпреварот дури порача дека жали што не победиле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грчкиот селектор даде свој коментар и на мајсторијата на Миралем Пјаниќ од слободен удар. За него било смешно тоа што голманот на репрезентацијата не поставил жив ѕид иако знаел дека Босна го има Пјаниќ или како што го нарекуваат Босанците, „босанскиот Жунињо“.
Инаку Пјаниќ во второто полувреме беше исклучен откако заработи директен црвен картон.
„Искрено да ви кажам јас не сум видел посмешна ситуација. Зборувавме и пред натпреварот, знаевме дека Босна го има Пјаниќ и дека ќе бидат опасни од прекини. Не разбирам, а воедно и ми е смешно тоа што нашиот голман не направи жив ѕид и си дозволи пред Пјаниќ да стои само еден фудбалер. Пјаниќ го искористи тоа и не казни. На крај можам да кажам и дека жалам што не победивме затоа што имавме шанси и за целосен пресврт“, изјави Анастасидис.
Bwahahahhaa, Pjanic free-kick makes it 2-0 against Greece. What the hell were the Greeks thinking? #BIHGRE #EURO2020Qualifying pic.twitter.com/t2mGhQptgk
— Angry Bosnian Fan (@AngryBosnianFan) March 26, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=oprTxLQtXkk