Репрезентацијата на Бразил со победата над Чиле од 3:0 во голем стил ги заврши квалификациите за Светското првенство, а селекторот на Тите смета дека неговиот тим е помеѓу главните фаворити во Русија.
Бразилците квалификациониот циклус го завршија на првата позиција и тоа убедливо, со 41 бод од 18 натпревари. Уругвај кој беше на втората позиција имаше 10 бодови помалку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добрите настапи на Тите му даваат причина за оптимизам.
„Според прикажаната игра, резултатите, начинот на кој се кавлификувавме, ние сме една од репрезентациите кои се главни фаворити на Мундијалот“, изјави искусниот стручњак кој потоа зборуваше за останатите ривали.
„Франција е многу силна. Погледнете го само нивното напаѓачко трио, Мбапе, Лаказет, Гризман. Секако дека тукНиНа се и Германците, тие се светски шампиони“, заврши Тите.
Бразил последен пат на едно Светско првенство триумфриал во 2002 година, а на претходното во 2014 година на кое беше и домаќин заврши на четвртата позиција.