Лоши вести од Манчестер пристигнуваат за француската репрезентација, имено оваа селекција на Европското првенство би можела да биде без Ентони Марсијал.
Марсијал заработил повреда минатата недела за време на мундијалските квалификации. Проценката прво била дека не станува збор за многу тешка повреда, но изгледа дека не е баш така.
Вчера Солскјер изјави дека сезоната за него најверојатно е завршена, а можно е и да го пропушти Евро 2021.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ентони има повреда на коленото. Секогаш кога има репрезентативна пауза се надевате дека сите играчи ќе ви се вратат здрави. Од Франција ни кажаа дека не е ништо сериозно, но излезе големо разочарување. Веројатно нема да сметаме на него до крајот на сезоната“, изјави Солскјер.