Дома Фудбал Останато Седлоски на само чекор од Загреб: Динамо е мој клуб, а Загреб втор дом

Седлоски на само чекор од Загреб: Динамо е мој клуб, а Загреб втор дом

Големо незадоволство кај навивачите на загребски Динамо по загубениот примат во домашниот шампионат, но и испаѓањето од Европа пред групната фаза, ќе придонесе и до смена на тренерот.

Марио Цвитановиќ непосредно пред почетокот на сезоната го замени Бугарот,Петев, но судејќи по се, ниту тој долго нема да се задржи на клупата на Загребчани.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ријека на Динамо му ја презеде двојната круна во хрватското првенство, а албански Скендербег противниот на Партизан во групната фаза, ги елиминираше во квалификациите за ЛЕ. Сето тоа ги натера челниците на повеќекратниот хрватски шампион да размислува за наследникот на Цвитановиќ на клупата.

Најблиску до тренерската палка е Гоце Седлоски, некогашен член на тимот од Максимир, и в оедно голем фан на навивачите, познати како „бед блу бојс“.

Шансите македонскиот стратег да дојде во Загрееб не се мали, бидејќи моментално е без ангажман, бидејќи го напушти Вардар, по освојувањето на шампионската титула и поразот од Копенхаген во квалификациите за ЛШ, а последен беше и поразот од Шкендија во ПМФЛ.

„Динамо е мој клуб, а Загреб втор дом. Често сум на Максимир, и во контакт сум со голем број на соиграчите од мојата генерација, со кои играв во Динамо. Емоциите се секогаш големи кога ќе се спомене коцкастиот дрес“, истакна Седлоски.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…