Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Б-тимот на Динамо Загреб, откако спогодбено го раскина договорот со клубот.
Седлоски за тренер на Б-тимот на Динамо беше промовиран на 13 мај, а причина за неговото заминување е коронавирусот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Седлоски и клубот проценија дека во оваа ситуација најдобро е да се разделат, со оглед на тоа дека голем број натпревари се ближат, а македонскиот тренер има проблеми со вирусот.
46 годишниот Седлоски четири пати бил во самоизолација, а пред два дена неговиот тест на Ковид-19 бил позитивен.
Динамо веднаш му најде замена на Седлоски на тренерското место на Б-тимот, каде што ќе седне Иван Прелец, поранешен фудбалер и тренер на младите категории.