Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сега и потврдено: Дани Алвеш го пропушта Мундијалот

Сега и потврдено: Дани Алвеш го пропушта Мундијалот

Вестите кои доаѓаат од Фудбалскиот сојуз на Бразил тврдат дека Дани Алвеш нема да може да се опорави за Мундијалот и дефинитивно нема да патува во Русија.

Дани Алвеш се повреди на финалето од Купот, а станува збор за оштетување на вкрстените лиганети од коленото. Иако, нема да му биде извршена операција, шансите да се опорави до Светското првенство се практично невозможни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Докторот на репрезентацијата го посети во Париз и после деталните прегледи заклучи дека нема шанси да се опорави до почетокот на Светското првенство.

Ова сигурно ќе биде голем удар за Бразил бидејќи Алвеш е еден од најискусните и имаше сигурно место меѓу 23-та фудбалери во списокот на селекторот Тите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ако не ја освои титулата, Артета добива отказ: Челниците на Арсенал веќе избраа нов тренер

По неуспехот на домашен терен против Борнмут, иднината на Микел Артета на клупата на Арсен…