Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен се најде во една необична позиција.
Верстапен е најдобриот возач во Формула 1 веќе три години, меѓутоа сега се најде во позиција да не може да изнајми автомобил кој го посакува.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблемот е што Холанѓанецот има само 26 години и сакал од Мерцедес да му го изнајмат болидот АМГ ГТ кој развива брзина и до 400 километри на час.
Но, Мерцедес има правило според кое не дозволува тој да биде изнајмен на некој кој нема над 30 години. Па така Верстапен на одморот во Португалија морал да се задоволи со БМВ 5.