Светското првенство во Катар во ноември е се поблиску, а сега пристигнуваат информации за Мундијалот во 2030.




Британски „Тајмс“ објави дека Саудиска Арабија, Египет и Грција сакаат заеднички да организираат Мундијал. Според најавите за неколку недели кандидатурата би требало официјално да биде објавена.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Овие три земји би можеле да бидат сериозни конкуренти на Шпанија и Португалија, чија кандидатура е поддржана од УЕФА. Саудиска Арабија, Египет и Грција претставуваат три различни конфедерации и се очекува да бидат подржани од Азија, Африка и уште некои европски земји.




Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај исто така би можеле да објават заедничка кандидатура.