Дома Фудбал Италија Сари: Од Роналдо очекуваме и повеќе

Сари: Од Роналдо очекуваме и повеќе

Tренерот на Јувентус, Маурицио Сари е задоволен што Кристиано Роналдо денес ја продолжи голгетерската серија.

Португалецот во победата над Фиорентина од 3:0 постигна два гола од пенал и дојде до вкупно 50 во дресот на „старата дама“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Исто така за Португалецот ова беше деветти натпревар во низа во кој постигнал гол со што го изедначи рекордот на Давид Трезеге.

„Да, тоа е навистина важно. Неопходно е Роналдо да постигнува голови во континуитет. Таквите работи го држат во добра псисхичка состојба. Тој прави работи кои носат разлика на теренот. Од него очекуваме и повеќе“, изјави Сари.

Јувентус сега е лидер со пет бода повеќе од второпласираниот Лацио кој има и натпревар помалку. Интер кој својот натпревар го игра вечерва против Удинезе е трет со еден бод помалку од Лацио и шест од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул во најлоша серија од 2014 година наваму

Во дербито од осмото коло на Премиер лигата Манчестер Јунајтед оствари победа против Ливер…