Фудбалерите на Јувентус синоќа испаднаа од ЛШ иако со 2:1 во реванш наптреварот на свој терен го победија Лион.
Но, Лион поради голот во гости на крајот успеа да се пласира понатаму. Ова сигурно е голем удар за Старата дама бидејќи оваа година приоритет на клубот му беше ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На големи критики после натпреварот се најде и тренерот на Јувентус Маурицио Сари, за кој според многумина веќе денес ќе биде врачен отказ поради лошиот резултат во ЛШ.
Но, Сари после натпреварот сите ги изненади со изјавата дека е задоволен од играта на неговиот тим, па дека и очекувал од своите играчи да покажат помалку на теренот.
„Помалку очекував од ова. Одигравме одличен натпревар. Бевме во негатива после 10 минути поради пенал, но направивме пресврт, победивме и направивме шест-седум одлични шанси. Тимот вечерва го даде својот максимум и јас сум задоволен.“ – изјави Сари и додаде:
„За жал испаднавме поради првиот натпревар, односно поради првото полувреме во тој натпревар. Ова е такво натпреварување и покрај одлична игра ние испаднавме. Многу не промени паузата. Месец дена дома каде некој можеше да тренира, а некој не. Други беа во целосен карантин. Тимот вечерва даде се што можеше, но не успеа.“
Сари не го избегна прашањето и околу евентуален отказ кој може да го добие веќе денес.
„Моите зборови не е тешко да ги сфатите. Не верувам дека челниците на толку голем клуб на основа на еден натпревар ќе донесат одлука. Тие ќе ја анализираат целата сезона. Таквото прашање за мене е навреда, но не само за мене туку и за челниците на клубот. Имам договор, го почитувам и не очекувам ништо.“