Според некои информации од Италија, Јувентус постигнал договор со новиот тренер и се очекува официјална потврда да стигне после утрешното финале во Лигата на Европа.
Масимилијано Алегри си замина од Јувентус, а во Торино се во потрага по нов стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се поизвесно е дека на клупата на Јувентус ќе седне Маурицио Сари, сегашниот тренер на Челзи кој се очекува да го напушти клубот од Лондон. Сари на „сините“ им го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите преку Премиер лигата и стигна до финалето во Лигата на Европа каде што утре ќе игра со Арсенал, но тоа не ги задоволи апетите на навивачите.
Иако има уште две години од договорот со Челзи каде што добива пет милиони фунти годишно, тој многу веројатно ќе го напушти Лондон и ќе се пресели во Торино каде што ќе потпише договор на три години со плата од седум милиони евра годишно.
Сепак, се чека Јувентус кој е на потег, ќе видиме какви им се плановите ова лето и дали навистина Сари ќе биде новиот тренер. Покрај Сари Јувентус е поврзуваше со Гвардиола, Михајловиќ, Симоне Инзаги…