Со првите натпревари од групната фаза вечерва Лигата на Шампионите конечно се враќа по неколку месеци пауза.
Минатата сезона ни понуди спектакуларни натпревари, а во оваа се очекува уште повеќе спектакл кој може да понуди само оваа ЛШ. Титулата шампион ја брани екипата на Ливерпул која вечерва ја очекува тешко гостување.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Имено, екипата на Јирген Клоп гостува во Наполи која минатата година ја исфрли во групната фаза. Со победата против Наполи екипата на Ливерпул избори пласман во нокаут фазата и подоцна дојде до самиот крај.
Јасно е дека вечерва не очекува спектакуларен натпревар, бидејќи Наполи и Ливерпул играат офанзивно. Се очекува Анчелоти и Клоп на теренот да излезат со најсилните состави и сигурно дека „Сан Паоло“ ќе биде исполнет до последното место.
Италијанските и англиските медиуми веќе ги објавија составите кои најверојатно Наполи и Ливерпул ќе го започнат натпреварот. Анчелоти и Клоп не ги кријат своите карти и јасно е дека сакаат со победа да го започнат натпреварувањето.
ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ НА НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Манолас, Кулубали, Гулам, Калехон, Алан, Фабиан, Инсиње, Мертенс, Лоренте.
ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ НА ЛИВЕРПУЛ: Адриан, Александер-Арнолс, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Салах, Фирмино, Мане.