Дома Фудбал Италија Санчез оди на операција – познато колку ќе паузира!

Санчез оди на операција – познато колку ќе паузира!

Алексис Санчез се повреди на пријателскиот натпревар помеѓу Чиле и Колумбија и според последните информации го очекува долго опоравување.

Италијанските медиуми потврдија дека лекарскиот тим на Интер одлучил на напаѓачот Алексис Санчез да му биде извршен хируршки зафат.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Чилеанецот утрово направи детални лекарски прегледи кои донесоа лоши резултати. Имено, утврдено е дека се оштетени лигаментите на глуждот, па ќе мора да оди на операција.

„Како што стојат работите ќе биде надвор од теренот околу три месеци. Тоа е голема штета со оглед на тоа дека започна добро во Интер и постигна два гола. Беше среќен и мотивиран“, изјави неговиот менаџер.

Санчез го очекува период на рехабилитација од три месеци, па се очекува на терените да се врати на крајот на јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Лондон бесни: Ова е една од најголемите неправди во историјата на фудбалот!

Претседателот на Кристал Палас, Стив Периш, изрази жестока критика кон одлуката на УЕФА да…