Gol.mk го објави и продолжението од интервјуто со сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко. Самсоненко сега говори за плановите на РК Вардар во иднина, новите играчи кои веќе се потпишани, можноста Лазаров да дојдеше во Вардар, причината за распуштањето на ЖРК Вардар и тн.
Донесовте ѕвезди во екипата, дали некогаш се обидовте да го донесете Кире Лазаров во Вардар?
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Официјални преговори не сме имале досега. Еднаш кога тој беше тука со репрезентацијата, јас му пријдов и му реков: „Кире, интересно би било да дојдеш кај нас“. Тој ми одговори дека сѐ уште има валиден договор со Барселона. Јас му возвратив дека тоа е во ред и дека ние сме заинтересирани за него. Но, потоа не се случи ништо повеќе.
Кои имиња се сигурни од сите оние што се поврзуваат со идниот проект на Вардар?
Нови имиња се голманот Дејан Милосављев, потоа Сергеј Горбок, кој е искусен и доаѓа да му помогне на Борозан – и мислам дека ќе помогне. Меѓу новајлиите е и Дмитри Кисељев, кој ќе го замени Хорхе Македа. Мене ми е многу жал што не ги видовме вистинските квалитети на Македа… Тој е одличен играч и голем борец. А, реално, имаше мала минутажа кај нас.
Продолжи со читање ОВДЕ.