Дома Фудбал Ливерпул ја одби понудата на Манчестер Сити за Гакпо.

Ливерпул ја одби понудата на Манчестер Сити за Гакпо.

Раководството на Ливерпул ја одбило понудата на Манчестер Сити за холандското крило Коди Гакпо. Ова го открива новинарот Дејвид Орнстин, според кого понудата била вредна 80 милиони фунти – 75 фиксирани и пет милиони во форма на бонуси.

Според Фабрицио Романо, одбиената понуда изнесувала 85 милиони фунти. Ова ги потврдува информациите од претходно денеска дека Ливерпул ќе го задржи Гакпо, иако веќе официјално го објавија големиот трансфер на Брадли Баркола. Манчестер Сити пак, ќе ги концентрира сите свои напори за привлекување на Енцо Фернандес од Челзи и евентуално Илиман Ндиај од Евертон, кој беше многу блиску до трансфер во Тотенхем, но “граѓаните” ќе се обидат да го привлечат.

Гакпо ја прифатил понудата на Манчестер Сити, но се тврди дека нема да му пречи да остане во Ливерпул, откако клубот му објаснил дека му е потребен.

Од Ливерпул сакале да привлечат уште едно десно крило и испратиле понуди за Јанкуба Минте и Исмаила Сар, но нивните клубови им поставиле многу високи цени. Брајтон го оценил играчот од Гамбија на 80 милиони фунти, а Кристал Палас побарал 75 милиони за играчот од Сенегал. Така на “Енфилд” одлучиле да го задржат Гакпо, а останува да видиме дали тој ќе биде искористен од Андони Ираола на десната страна, како што беше во натпреварот со Нотингем Форест. Можно е и двајцата со Баркола да ги менуваат позициите во текот на натпреварите, ако бидат стартери. По правило, двајцата преферираат да играат на левата страна, како што важи и за Виктор Муњос и Рио Нгумоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се приближува до Волтемаде

Јувентус се обидува да го ангажира напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде. Според италијанскит…