
Јувентус се обидува да го ангажира напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде. Според италијанските медиуми, “бјанконерите” веќе постигнале договор со играчот и сега преговараат со англискиот клуб. Нивната понуда е за едногодишен заем, а за овој договор “страчките” бараат 5 милиони евра.
Лучано Спалети сака да привлече уште еден напаѓач, бидејќи опциите му се ограничени, од кои најважна е Рандал Коло Муани. Јуве најверојатно ќе се раздели со Џонатан Дејвид, кој заминува во Атлетико Мадрид.