Околу Вардар се шират серија шпекулации за неговата иднина, се очекуваше официјално произнесување на газдата на трите клуба г-н Сергеј Самсоненко. Па така денеска Самсоненко даде интервју зa „Гол.мк“. Во него расчистува серија дилеми и шпекулации и го најавува она што црвено-црната публика го очекуваше – ОСТАНУВАЊЕ. На негов својствен искрен начин ја презенира сегашната состојба и она што му е во план во иднина.
Каква е вашата иднина во Македонија?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јас и претходно кажав дека ќе се бориме докрај и во лошо и во добро и ќе се трудиме да останеме како клуб во сите сегменти. Единствена промена ќе претрпи само женскиот ракометен тим. Женскиот ракомет не е толку популарен како машкиот. И покрај се, јас ќе продолжам да се борам. И да инвестирам во Вардар. Засега немам никакви други планови.
Колкав ќе биде буџетот на Вардар наредната сезона? Изминатата сезона се инвестираа 11 до 12 милиони за сите три клуба, каков е финансискиот план без ЖРК Вардар?
Парите од ЖРК Вардар нема да се одлеваат во другите два клуба. Фудбалот ќе биде со скоро ист буџет, а машкиот ракометен клуб ќе има мало намалување во буџетот, пред сѐ затоа што ќе дојдат нови играчи. Разликата во буџетот во однос на лани ќе биде 10-15%. Веројатно околу седум до осум милиони евра ќе одат во Вардар. Но, точно ќе знаеме по пресметките, кога ќе формираме комплетни екипи, односно кога ќе се договориме за продолжување на соработка со актуелните, како и кога ќе донесеме нови играчи и во фудбалот и во ракометот.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА!