Дома Фудбал Сампаоли призна: Го одбив Челзи за Севиља!

Сампаоли призна: Го одбив Челзи за Севиља!

Тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли јавно призна дека го одбил кормилото на Челзи пред да потпише за тимот од Андалузија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сампаоли беше селектор на репрезентацијата на Чиле со која го освои Купа Америка, а минатото лето стана тренер на Севиља откако Унаи Емери го напушти клубот и премина во ПСЖ.

„Многу клубови беа заинтересирани за мене, бев во преговори со Челзи, но понудата на Севиља ми беше најинтересна и највозбудлива. Севиља е неверојатен град, полн со страст према фудбалот“, истакна Сампаоли.

Сампаоли одлично се справува на кормилото на Севиља, моментално е на второто место на табелата, а најавува и борба за титулата во Примера.

„Ќе се бориме за титулата со сите сили со кои располагаме. Најпрво желбата беше да бидеме во првите пет-шест клубови, но играчите да се борат за што поголем пласман“, истакна Сампаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве како реагираше Мирослав Клосе откако Меси го собори неговиот рекорд

Фудбалската репрезентација на Аргентина извојува победа против Австрија со 2:0 во второто …