Репрезентацијата на Аргентина зад себе има лошо Светското првенство, а навивачите во оваа земја како најголем винвоник за неуспехот го означија поранешниот селектор Хорхе Сампаоли.
Сампаоли во текот на Мундијалот многу експериментираше со составот на „Гаучосите“ и на крајот Аргентина беше елиминирана во осминафиналето, но групната фаза ја помина низ крајно тежок пат. Аргентинците најмногу го критикуваа Сампаоли кој на крајот беше приморан да си замине.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Критики имаше и за Меси, но поголемиот дел од јавноста сфати дека Меси не може сам да игра. Неколку месеци подоцна Сампаоли се огласи во јавноста и го коментираше токму Меси.
„За мене беше неверојатно искуство да го тренирам Лионел Меси. Кога видов колку тој се дава на тренинзите и е мотивиран бев пријатно изненаден. Меси многу пати кога губи и неверојатно е верен на својата репрезентација. Никој не пати за репрезентацијата и лошите случувања како Лео“, порача Сампаоли.