Tешко е да се најде во овој момент тим во најсилните пет лиги кој е полош од Реал Мадрид, односно кој е во полоша форма, но сепак постои еден.
Педантните статистичари стигнаа до податок дека француски Дижон е единствниот тим кој е во полоша форма од Реал Мадрид во последно време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дижон е 473 минути без постигнат гол, што е 28 повеќе од Реал кој врза четири натпревар без да ја затресе противничката мрежа, што воопшто не е својствено за клуб каков што е Реал Мадрид.
Дижон последен пат постигна гол на 15 септември во поразот од 3:1 против Анжерс, а потоа запишуваа порази од Лион 3:0, Стразбур 3:0 и Амиен 1:0.
Кога во прашање е Реал Мадрид, овој викенд се поразени од Алавес со 1:0, претходно од ЦСКА со истиот резултат во Лигата на шампионите, Севилја ги победи со 3:0, а во градското дерби против Атлетико одиграа 0:0.
Последниот гол Реал го постигна против Атлетик (1:1) на „Сан Мамеш“, исто како и Дижон на 15-ти септември.
Интересно е што и покрај ваквата криза Реал заостанува само еден бод зад лидерот Севиља, додека Барселона и Атлетико имаат само бод повеќе. Тоа е така затоа што и
Барселона е во сериозна криза во Ла Лига, но Каталонците за разлика од избраниците на Валверде барем постигнуваат погодоци.