Лука Модриќ на церемонијата на ФИФА заврши како четврти најдобар играч во светот, а него на врвот на својот листа го сместил само капитенот на Северна Кореја.
Хрватот беше избран и во најдобрите 11 за 2022 година во изборот на ФИФпро, меѓународното здружение на професионалните фудбалери. Тоа беше избор во кој гласаа претставници на медиумите, селектор и капитени национални репрезентации. Се избира од 27 номинирани, три голмани и по осум стопери, играчи за врска и напаѓачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За најдобар Модриќ го избра само капитено на Северна Кореја и само од него доби пет бодови. Станува збор за 29-годишниот Кук Чол Јанг кој на второто место го ставил победникот Меси, додека на третото Ерлинг Халанд.
Јанг е стопер кој игра за севернокорејскиот Хваебул и за својата репрезентација одиграл 59 натпревари и постигнал пет голови.