Дома Фудбал Италија Салернитана продолжува да реди победи!

Салернитана продолжува да реди победи!

Eкипата на Салернитана денес ја победи Венеција со 2:1 во натпреварот кој беше од огромна важност во борбата за опстанок во најсилната италијанска конкуренција.

Салернитана игра неверојатно во завршницата од сезоната и иако многумина до пред десетина кола ја гледаа како сигурен второлигаш сега тие се на добар пат да изборат опстанок во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Федерико Бонацоли ја доведе Салернитана до водство во седмата минута, Венеција изедначи во 58. минута, а голот за победа на Салернитана беше дело на Симоне Верди во 67. минута. Црвен картон во редовите на гостите во финишот заработи Етан Ампаду.

Давиде Никола кој сезонава е трет тренер во Салернитана работи одлично и на последните пет натпревари тимот има четири победи и едно реми. Сега Салетнитана со 29 бодови излезе од опасната зона зад неа се Каљари со 28, Џенова 25 и Венеција 22.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…