Дома Фудбал Италија Салернитана во сред сезона е пред исфрлање од Серија А!

Салернитана во сред сезона е пред исфрлање од Серија А!

Серија А сигурно е еден од најквалитетните фудбалски лиги во светот, но секогаш била поврзувана и со многу скандали.

Уште на почетокот на 80-тите години се случи скандалот Тотонеро. Тогаш поради местење натпревари во Серија Б беа исфрлени неколку клубови меѓу кои беа Милан и Лацио. Потоа Интер беше вклучен во случај со фалсификувани пасоши на странци. Најзвучното име тука беше Алваро Рекоба, но на крајот сепак „нероаѕурите“ се извлекоа со плаќање парична казна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Помладите генерации добро го паметат познатиот „Калчополи“ од 2006 година кога во Серија Б мораше да оди Јувентус, додека Милан, Лацио, Фиорентина и уште неколку клубови добија помали казни и останаа во друштвото на најдобрите.

Сега може да видиме скандал во кој во сред сезона една екипа ќе биде исфрлена од Серија А.

Во Салернитана 20 години чекаа на промоција и кога конечно ја дочекаа можат да бидат исфрлени. Во овој момент се уште нема конкретни понуди за промена на раководството. За ситуацијата да биде полоша во овој момент нема значајни преговори за се да се заврши во наредните 45 дена.

Додека беше во Серија Б сопственик на Салернитана беше Клаудио Лотито, човекот кој го држи и Лацио. Според правилникот на натпреварувањето еден човек не може да поседува два клуба. Во текот на летото се пронајде привремено решение, добиена беше дозвола за натпреварување во Серија А, но со услов до 31-декември да се реши прашањето сопственикот.

Време нема уште многу, а доколку тоа не се случи клубот ќе биде исфрлен од Серија А каде што во овој моемнт е на дното на табелата со осум бодови од 17 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…