Искусниот италијански стручњак, Клаудио Раниери (66) би можел да ја напушти екипата на Нант.
Како што пренесуваат француските медиуми за услугите на 66 годишниот стручњак интерес покажал тимот на Лион и во овој момент тој е прв кандидат за тренерското столче на овој клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Акутелниот тренер на „лавовивте“, Бруно Генесио заминува од оваа функција на крајот од сезоната и веќе започна да се шпекулира за евентуалниот негов наследник и наводно одлуката паднала на Раниери.
Според информациите Нант повеќе не е предизвик. Сака да направи нешто повеќе со подобра екипа и сигурно дека Лион е клуб кој може многу повеќе да му понуди.
Нант во овој момент се наоѓа на осмата позиција во Лига 1 со 44 освоени бодови, додека Лион е четврти со 60 бодови и до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите.