Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ потврди: Шест позитивни на Ковид во репрезентацијата

РФМ потврди: Шест позитивни на Ковид во репрезентацијата

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврди дека шест лица биле позитивни на последните тестирања на Ковид 19.

Во пресрет на квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија денес беше извршено задолжително тестирање, а шест лица дадоа позитивни тестови на коронавирус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Александар Царчев – тренер на голмани

Никола Матлиески – помошник тренер

Радослав Стојановиќ – помошник тренер

Марио Танкоски – ракометар

Мартин Велковски – ракометар

Мартин Поповски – ракометар

„Ве известуваме дека контактите се изолирани и ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немаале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања“, изјавестија од РФМ.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…