Селекторот Игор Ангеловски за дуелот со Грузија во среда дополнително ги повика Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар како и дефанзивецот на Македонија ЃП, Томе Китановски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дополнително покана доби и Агрон Руфати од младата репрезентација, но нема право на настап поради жолти картони.
Тој настапи за селекцијата до 21 година на дуелот со Казахстан и заработи жолт картон.
Според член од дисциплинскиот правилник на УЕФА суспензијата важи и за натпревари во други селекции доколку е повикан.
Поради тоа, иако е повикан во А репрезентацијата, Агрон Руфати нема прво за настап против Грузија.