Рускиот клуб Рубин Казан најави тужба против својот поранешен фудбалер и истакна дека ќе бара оштета од дури 40 милиони евра.
Имено, станува збор за играчот од средниот ред кој помеѓу другите го носеше дресот на Арсенал и Барселона, Алекс Сонг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Русите тврдат Сонг еднострано и самоволно си го раскинал договорот. За Рубин потпиша во летото 2016 година, а клубот го напушти овој јануари.
Покрај споменатата оштета од 40 милиони евра, Русите бараат и суспензија за 30 годишниот Камерунец.
Сонг во Русија имаше договор според кој заработуваше четири милиони евра годишно. Договорот му имаше важност до 2021 година.