Дома Фудбал Англија Рој Кин: Тотенхем има ДНК цело време да разочарува

Рој Кин: Тотенхем има ДНК цело време да разочарува

На четири кола пред крајот на сезоната Тотенхем на табелата е на позиција која не води во Европа. Од борбата за Лигата на шампионите се прости од поодамна, а под знак прашалник е дали ќе стигне и до местото во Лига Европа.

Тимот на Мурињо не игра добро, се мачи, во три од последните натпревари победи на еден. Разочарување беше и ремито со Бурнемоут 0:0, тим кој се бори за опстанок и имаше серија порази пред дуелот со петлите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Легендарниот ирски фудбалер Рој Кин, поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед отворено го критикуваше Тотенхем.

„Тотенхем беше очаен против Бурнемоут, нивниот ривал покажа повеќе на теренот. Исто така „петлите“ не играа добро и на гости кај Шефилд. Но, тоа е ДНК на Тотенхем, тие вас цело време ве разочаруваат. Теблата не лаже, деветти се, точно таму каде што заслужуваат“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете ја статистиката на Винисиус во историскиот срам на Реал Мадрид

Фудбалерите на шпанскиот второлигаш Албасете приредија изненадување победувајќи го Реал Ма…