Дома Фудбал Англија Рој Кин ги изненади навивачите со ставот за Тен Хаг

Рој Кин ги изненади навивачите со ставот за Тен Хаг

Maнчестер Јунајтед и сезонава е далеку од врвот на англискиот и европскиот фудбал, навивачите имаат уште една сезона за заборав.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголемиот успех би бил трофејот во ФА Купот каде што ќе играат финале против Манчестер Сити, но за клуб како Јунајтед трофеј во ФА Куп е премалку.

Поради тоа долго време се најавува заминување на Ерик Тен Хаг, но засега нема конечна одлука кога во прашање е неговата иднина. Навивачите посакуваат да замине, додека легендата на клубот, Рој Кин има став кој не им се допаѓа.

Имено, Кин смета дека клубот треба да му даде време на Тен Хаг.

„Се надевам ќе му дадат повеќе време. Доаѓа лето ,периодот кога би можеле да се регрупираат и да го реконструираат клубот. Има навистина големи проблеми внатре во клубот, тренерот не е најголемиот проблем. Се надевам ќе има шанса да ги исправи работите. Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека минатата сезона имаше некои позитивни работи.

Тука е финалето во ФА Купот и ќе биде многу, многу тешко да го победата Манчестер Сити. Тен Хаг е под голем притисок, ќе видиме што ќе се случува“, изјави Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул потврди за Конате, тој се обрати со порака

Од Ливерпул ја потврдија веста дека Ибраима Конате го напушта клубот како слободен агент. …