Дома Фудбал Халанд се огласи по ремито со Арсенал и критиките од Рој Кин

Халанд се огласи по ремито со Арсенал и критиките од Рој Кин

Eкипата на Манчестер Сити викендов не успеа да дојде до посакуваните три бода и одигра реми во дербито со Арсенал.

Еден од оние кои скоро ништо не направи на теренот во редовите на „граѓаните“ беше и Ерлинг Халанд. Норвежанецот влезе само во една посериозна прилика во завршницата и лошо реагираше, а не упати ниту еден удар во рамките од голот на ривалот.

Неговиот слаб настап го искоментира легендарниот Рој Кин истакувајќи дека ваквиот настап на Халанд бил на ниво на четврта лига (ТУКА).

Преку социјалните мрежи Халанд по дербито испрати порака.

„Еднаш го направивме тоа. Можеме и да го повториме!“, објави Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кралевски ја доби пресметката со Несторовски, Локомотива славеше со 2:1

Младиот Теодор Кралевски се истакна во одбраната на Локомотива при победата над Славен Бел…